Доволно причини зошто да имате секс секој ден

Редовниот секс ве прави посреќни, носи долговечност и добро здравје, па зошто тогаш не го практикувате почесто?

Подолу се наведени одлични причини зошто е добро да имате секс секој ден или барем што почесто.

Го намалува стресот, длабокото дишење за време на сексот го намалува чувството на стрес. Исто така, за време на сексот, засилено се лачаи и хормонот на среќа, што е одлично во борбата против депресија. 

Своевидна гимнастика, калориите се топат, а мускулите зајакнуваат. Тестостеронот кој се произведува за време на секс ги прави мускулите и коските поцврсти. 

Го намалува крвниот притисок, сексот смирува, а со самото тоа и го намалува крвниот притисок. 

Го зголемува имунитетот, редовниот секс ги намалува шансите за добивање грип или настинка, поради тоа што за време на сексот се засилува производството на имуноглобинот А кој е одговорен за борба против болестите. 

Допринесува за младолик изглед, сексот три пати неделно може да ве подмлади и за 10 години. 

Ги намалува шансите за добивање рак, редовната ејакулација кај машките ја намалува шансата за добивање на канцер на простатата. 

Ја намалува болката, стручњаците велат дека сексот влијае на намалување на неколку видови на болка, на пример кај луѓе кои боледуваат од артритис. 

Подобар сон, зголемениот број на отчукувања на срцето смирува, а нема ништо подобро за квалитетн сон од опуштеноста. 

Редовен циклус, сексот влијае позитивно на циклусот кај жените, можеби баш поради тоа што го намалува стресот и опушта. 

Коментари

Популарно