Турчинот Алсин Левент е 35- годишиот возач кој ја предизвикал стравичната несреќа во Германија во која загина Шабан Шаулиќ.
Возачот се води како да е уапсен, но сеуште се наоѓа во болница и е под постојан надзор од полицијата, пишува Српски „Курир“.
Генералниот конзулат на Србија во Германија нема официјална информација дали обдукцијата ќе се прави поради конкретен сомнеж и причината за смртта на пејачот.
„Кажано ни е дека обдукцијата е вообичаена процедура и дека државниот обвинителсекогаш има можност самостално да одлучи дали сака да издаде налог за таква постапка или не- рекол генералниот конзул во Дизелдорф. Негово мислење беше дека треба да се изврши обдукција, нагласиле оттаму.