Нашите баби и родители ИМАЛЕ ДУПЛО ПОВЕЌЕ СЕКС ОД СЕГАШНИТЕ МЛАДИ

Приватниот и јавниот живот се измешал. Луѓето цело време ја проверуваат електронската пошта и повеќе не постои момент на тишина која постоела порано.

Паметните телефони се виновници што луѓето сѐ помалку водат љубов, покажало истражувањето. Истражувачите откриле дека откако постои интернетот луѓето сѐ помалку водат љубов.

Дејвид Спихалтер, професор на колеџот Кембриџ, во својата книга “Сексот во бројки” открил дека просечната хетеросексуална двојка води љубов само три пати месечно.

Оваа бројка ја споредил со оние од претходните години: 2000-та година луѓето имале секс четири пати месечно, а во 1990 година пет пати. Од ова произлегува дека нашите баби и дедовци имал повеќе од двојно секс отколку сега нивните технолошки еманципираи урбани внуци, или скоро два пати повеќе секс имале нашите родители отколку сегашните млади генерации. 

Немањето љубовен контакт меѓу младите и секуално потентните секако носи зголемна акнксиозност, депресија и осаменост која не се лечи со лекови, туку со природни процеси - дружење и активен љубовен живот.

“Приватниот и јавниот живот се измешал. Луѓето цело време ја проверуваат електронска пошта и повеќе не постои момент на тишина која постоела порано”, рече професорот за BBC Радио 4.

“Најреалното објаснување е тоа дека сме подобро поврзани со технологијата, нашите животи станале брзи, и постојано балансираме меѓу домот, работата и надворешниот свет. Тоа го потиснало времето кое сме го поминувале со своите партнери.

Сегашното време многу бара и сексот едноставно паднал на листата на приоритети. Кога одиш навечер во кревет и проверуваш e-mail, тоа значи дека сѐ уште премногу си поврзан со надворешниот свет, за да се фокусираш на партнерот”, рече професорот

Коментари

Популарно