Кит Флинт, вокалистот на британскиот електронски бенд „Продиџи“, почина на 49-годишна возраст.
Пејачот беше пронајден мртов во неговиот дом во Есекс, Англија.
Портпарол на тамошната полиција потврди дека Флинт е починат и истакна дека смртта не се смета за сомнителна.
Кит Флинд е роден на 17 септември 1969 година. Препознатлив по неговата флуоресцентна коса, овој музичар ги испеа најпознатите песни на бендот, „Breathe“ и „Firestarter“.
„Продиџи“ неколку пати настапи во Македонија и е еден од омилените бендови на многу генерации.