ФОТО: Пред нив имаше друг ваков случај, но заврши трагично

74-годишниот Милојко Божиќ заедно со својата помлада сопруга, 21-годишната Милјана Богдановиќ е вистинска сензација за која со денови се пишува во Србија и регионот.

Разликата во години ни малку не смета на нивната љубов, како што двајцата неколку пати изјавија за разни српски медиуми. 

Иако ова е топ тема на Балканот, сепак во светот не е прв ваков случај.

Остана запаметен случајот со бизнисменот Џејмс Хауард неговата партнерка, старлетата Ен Никол Смит, која кога се омажи за 89-годишниот старец имаше само 27. години.

Старлетата, Плејбој девојка и актерка го запозна бизнисменот на настап во еден клуб. Тој ја опсипувал со подароци и пари, а потоа започнаа врска и се земаа.

Тој почина по само 15. месеци брак, а потоа синот на Маршал почна судски спор за наследството, кој остана запаметен како „Маршал против Маршал".

Парницата не беше довршена бидејќи таа почина, најверојатно од предозираност со дрога, а почина и синот на бизнисменот.

Коментари

Популарно