Оваа фолк звезда не заборава од каде потекнува

Атрактивната фолк пејачка Светлана Сека Алексиќ денеска е една од најбогатите на естрадата. Меѓутоа тоа не било секогаш така. Пејачката потекнува од српското село Липолист, а со нејзината мајка и брат вели дека имала многу сиромашно детство, живееле во голема беда во една мала трошна куќичка без струја, без купатило, се бањале во корито. Се случувало да бидат и гладни. Но таа потоа како пејачка успева да се извлече од тажниот живот.

Пред некој месец Сека го посетила своето село со бел мерцедес и се видела со сите соседи, па дури и заплакала присетувајќи се на сиромашниот живот.

– Сека е личност која сака да им помага на сиромашните, бидејќи таа е свесна за тоа низ што се поминувала додека не станала богата, велат нејзините пријатели. Сега откако има пари, не крие дека е среќна, па често споделува фотографии од својот раскошен пејачки живот: од куќата со базените на кои е кога е топло со сопругот Вељко кој сака да си ги покажува мускулите, а Сека своето згодно тело…  

Коментари

Популарно