Фото: Неверојатно каде „завршила “ шајката

Многу често граѓаните во регионов се жалат на квалитетот на храната и често наоѓаат невобичаени предмети во нив. Така во Босна и Херцеговина се случила една несекојдневна случка од која сите биле непријатно изненадени. Имено, една жена купила леб од локалната продавница и кога се вратила дома била изненадена од глетката. Таа во лебот кој што бил исечен на кришки, пронашла шајка.

Здружението за заштита на потрошувачите во Босна и Херцеговина, ДОН на својата Фејсбук страна ги објавило фотографиите кои што биле испратени од жената од Бања Лука.

– Грешки се случуваат и сите за тоа сме свесни, но да не сакате да се извините и да преземете одговорност и да го осудите купувачот, навистина не смее а се случува. Оправдувањата дека „ги наместила конкуренцијата“ се последното нешто што треба да го кажат во ваква ситуација. Лебот е купен во локална пекара и ова е вистинска приказна! Не дозволувајте ова да ви се случи, бидете внимателни и задолжително пријавете ги ваквите и слични случаи во пазарната и санитарна инспекција, напишале од здружението.

Коментари

Популарно