Фото: Таа успеа да „го маѓепса“ и славниот фудбалер

Поранешиот фудбалер  Павел Недвед беше  еден од најдобрите фудбалери на својата генерација. Тој важи за еден од најуспешните играчи во својата држава, а во 2003 година застана на врвот на светот и ја освои „Златната топка“.

За време на викендот поранешниот чешки репрезентативец беше искористен за „сеир “ поради џентлменскиот начин на однесување при едно интервју. 

Атрактивната новинарка Бара Будрова се појави пред него со длабоко деколте и го натера да не може да го контролира својот поглед.

Легендата на Јувентус и Лацио имаше потешкотии да се воздржи, а токму тоа беше интересно за пошироката фудбалска јавност која слатко се пошегува на негова сметка.

Инаку, Бара е бивша хокејарка кој по неуспешната кариера започна да се занимава со новинарство.

Коментари

Популарно