Видео: Една дилема е решена за Стоунхенџ

Од страна на група Британски научници е извршена споредба на ДНК-та од неолитксите човечки остатоци во Британија со луѓето кои во тоа време живееле во остатокот од Европа.

Според нив Неолитските “жители” патувале од Анатолија на Пиринејскиот полуостров, пред да го пронајдат патот на север. До Британија пристигнале околу 4.000 години пред нашата ера, а деталите се објавени во списанието “Nature Ecology & Evolution”. Миграцијата во Британија била само еден дел од големата, масовна експанзија на луѓе од Анатолија.

Пред тоа, Европа ја населувале мали, патувачки групи кои ловеле животни и собирале растенија и школки.

ДНК анализата открива како “Британците” од неолитското доба биле потомци на групите кои патувале по медитеранската рута. Кога се анализирани раните фармери од британскиот остров, утврдено е дека тие најмногу личат на неолитските луѓе од денешна Шпанија и Португалија.

Коментари

Популарно