На кого својата љубов му ја подарува популарната пејачка?

ЗАБАВНА

Таа е популарна со децении- уште од времето на поранешна Југославија, па Лепа Брена знае да ужива во љубовта која публиката несебично ѝ ја подарува повеќе од 40 години. А, кому својата љубов ја подарува популарната пејачка? Не е само сопругот Боба Живојиновиќ. Таа открива дека најдобро се чувствува кога е во дворот на својата луксузна куќа покрај базенот и со освежителна пијачка, уживајќи со својот четириножен миленик од расата мопс. Тие кучиња се познати како големи семејни галеничиња, не бараат некои посебни обврски, а сакаат многу да се играат и да се дружат.

Но, бидејќи Лепа Брена и нема многу слободно време, нејзиниот мопс одвај да чека прилика да се опушти и ужива со својата газдарица. Ех, да знае уште кучето и која му е сопственичка, мегаестрадна ѕвезда, веројатно на неговата среќа не би имало крај. Балканската пејачка особено ги сака овие пролетни сончеви денови и вели дека само вака со мопсот може да ги наполни батериите за сите следни концерти.

Ние велиме, дека е во право и дека не само батериите, туку со оглед на тоа што многу ја бараат, ќе ги наполни и своите трансакциски сметки. Заслужено! 

Коментари

Популарно