Ви остана само уште една недела

Ако се уште не сте ја провериле годишната даночна пријава  треба да  го направите тоа во најбрз можен рок. 

Датумот до кога треба да ја потврдите или корегирате годишната даночна пријава е 31 мај.

Околу 80 000 даночни пријави треба да завршат на адресите на граѓаните за една недела кои ќе треба да направат увид во претпополнетите годишни даночни пријави и доколку има потреба истите да ги корегираат. Досега од УЈП испратиле над 600 000 пријави.

Постапката е лесна и едноставна, а она што треба да го направите е да го посетите сајтот на УЈП                       ( е -персонален данок) да ги внесете Лозинката и емаилот со кој сте регистрирани и да си проверите се што ве интересира.

 

Коментари

Популарно