ФОТО: Мелита и Александра Накова повторно неразделни

Мелита Ракичевиќ и Александра Накова едно време беа неразделни, но деновиве се шират гласини дека нешто се случува меѓу нив.

Имено, до пред некое време постојано гледавме заеднички фотографии на социјалните мрежи со нив.

Но откако веќе подолго време тие не објавија заедничка фотографија на социјалните мрежи, некои медиуми во Македонија, според нивни извор, објавија дека познатите скопјанки ја растуриле калимерата.

Според овие гласини, а кои што ги пренесе порталот „1 ТВ“, до расправија помеѓу нив дошло кога во една пригода Александра Накова, наводно, и кажала на Мелита дека е стара, по што поранешната водителка „смртно“ и се налутила и му ставила крај на нивното пријателство.

Но не помина ни еден ден, а тие ги демантираа овие неточни информации. Имено, скопјанките споделија заедничка фотографија, а под неа Александра напиша дека и недостига нејзината пријателка.

Коментари

Популарно