Видео: Со еден потег покажаа дека се во врска

Моделот Кара Делевин и актерката Ешли Бенсон, ѕвездата на тинејџерската серија "Слатки мали лажговци", недвосмислено потврдија дека се во врска, за што веќе скоро една година се шпекулира.

Кара објави кратко видео на Instagram во кое страсно се бакнува со својата девојка. Во описот на видеото  пишува "Гордост" . 

Ниту Ешли Бенсон не остана без коментар, па таа одговори на ова видео со  емотивни коментари и потврди дека тие се во врска.

Медиумите почнаа да пишуваат за нивната врска уште од есента минатата година, но моделот и актерката не сакаа да коментираат ништо. 

Оттогаш, тие често се појавуваа  заедно во јавноста.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#PRIDE 🌈❤️😍🌈❤️😍 @ashleybenson

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne) on

Коментари

Популарно