ВИДЕО: Даниел Кајмакоски го покажа помалиот брат

Популарниот пејач Даниел Кајмакоски периодов е доста активен со настапи во регионот, а со тоа се почесто е редовен и на социјалните мрежи каде ги известува своите обожаватели за своите тековни активности на професионален план.

Но, меѓу повеќето такви објави, се најде и една која се однесува на неговата приватност, односно на семејството и помалиот брат кој не го покажал досега во јавност.

Овој пат,  Даниел сподели заедничка фотографија со помалиот брат Филип, кој не само што физички личи на бато, туку исто така е талентиран за пеење и свирење гитара.

-Мојот помал брат веќе е поголем од мене, напиша Даниел во описот на заедничката фотографија со братчето.

Во продолжение погледнете го видеото на кое Филип Кајмакоски ја пее и свири „Јовано, Јованке“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Filip Kajmakoski (@filip_kajmakoski) on

Коментари

Популарно