„Меси легнал 23 девојки“

Жител на Иран чие име е Реза Парастеш, а изгледа многу слично како капитенот на Барселона, Лионел Меси, е обвинет за заведување девојки, објави „Антена 3“. Реза е обвинет од 23 жени, поради фактот дека тој се претставувал како 32-годишниот Аргентинец и спиел со нив. – Оваа вест го претвори општеството против мене. Лажни вести. Ако ова е вистина, тоа би било зло од меѓународни размери. Не верувајте во ова, тоа не е вистина, јас ќе направам се за да се борам со клевета и да го оставам чисто моето име, изјави Парастеш.

Коментари

Популарно