Видео: Свештеник се замери со „дебелите“ жени

Невројатно видео  се појави на Youtube , на истото се прикажува како една жена која напаѓа популарен свештеник во Бразил за време на неговото обраќање на затворањето на религиозен камп во Сао Паоло, пред неколку илјадна публика.

Причина за нападот на свештеникот, Марсело Роси е пораката која тој на своите обожаватели им ја упатил, а гласи:  „дебелите жени не одат во рајот“, објавуваат медиумите во Бразил.

Иако изјавата на свештеникот не се слуша за време на краткиот клип, некои извештаи тврдат дека тој, наводно, го дал коментарот пред да биде нападнат од жената. На видеото се гледа како околу 50 илјади верници инцидентот го гледааат во шок, бидејќи свештеникот буквално „лета“ од сцената.

Некои извештаи сугерираат дека свештеникот, кој за среќа останал неповреден во инцидентот, воопшто не искоментирал такво нешто, а дека жената била со нарушено ментално здравје.

Коментари

Популарно