Фото: Ќерката на премиерот на свадба со момчето

Александра Заева , не ретко објавува интересни фотографии на својот профил на социјалните мрежи каде ја следат неколку десетици илјади обожаватели.

Ќерката на премиерот на Македонија, Зоран Заев неодамна објави фотографија на која позира во преубав фустан во смарагдно зелена боја, а потоа на социјалните мрежи и во медиумите испловија и фотографии од кои можеме да видиме како изгледаше Александра од глава до пети. Имено, таа ова елегантно издание го носеше на свадбата на свои пријатели, а целото издание го надополни со шик црни сандали и мала чантичка, како и со нејзината преубава пуштена коса.

Александра објави и една заедничка фотографија на Инстаграм

Александра не крие дека е среќно вљубена, па на свадбата покрај невестата и младоженецот позираше и со своето момче, Иван Проданов, со кого беа во ускладено издание.

Тие оставаат впечаток на совршен пар, па на социјалните мрежи им порачаа дека не изгледале никогаш подобро.

Инаку, смарагдните нијанси се популарни веќе неколку сезони и бројни брендови ги имаат на своите полици. Во прашање е боја која им е омилена и на многу познати дами, а доколку не сте ја пробале досега, можеби токму сега е вистинскиот момент тоа да го направите. Но доколку сакате да го усвоите овој тренд, но не се гледате во оваа кралска смарагдна нијанса од глава до пети, тогаш започнете со мали чекори и бирајте детали – оваа боја совршено ќе изгледа и на чанта, чевли или пак само здолниште или блуза во оваа нијанса.

Коментари

Популарно