Врие шприцови и дрога во Карпош: Зависниците од Сарај, Грчец, Љака и Ѓ. Петров префрлени во Карпош

Скопјани се соочуваат со сериозен проблем со центрите за зависници. По неколку годишен хаос во Кисела Вода, жителите од скопската населба се конечно задоволни, затоа што зависниците беа префрлени во Аеродром, но денеска и таму имаше протести. Сликата не е воопшто подобра ниту во Карпош 3, каде граѓаните секој ден се соочуваат со големи проблеми.

- Секое утро иста или слична глетка. И тоа со мал број зависници од Карпош. Сега другарчињата на Боки13 од СДС решиле да ги донесат за терапија и зависниците од Љака, Грчец, Кондово цел Сарај и Ѓ. Петров. Замислете ја глетката потоа.

- Имаат право што се гневни граѓаните. Ова се слики од место каде во радиус од 500м се три големи средни училишта, едно основно, трговски центар, ах да, и просториите на Општината. Прав рај за "сомнителните типчиња" од тротоарите, вистински кошмар за граѓаните што живеат во Карпош и се секојдневно сведоци на истото.

П. С Сарај има и простор и персонал за згрижување на зависниците што сега сакаат да ги наметнат и третираат во Карпош.

Коментари

Популарно