Македонскиот пејач знае и „на суво“

Многу често на пејачите им се случуваат „непријатни ситуации“ поради неисправна техника, меѓутоа најважно е во таква ситуација да не ве совлада паника и да се „извлечете“ од ситуацијата! Така и Ѓоко Танески се најде во тесно за време на настапот во склоп на програмата по повод одбележувањето на Денот на АРМ.

Ѓоко како учесник во културно-забавната и музичка програма почна да ја пее неговата евровизиска песна „Јас ја имам силата“ од 2010 во Норвешка, ама овој пат на плејбек. И баш на пола песна се случи хаварија, а Ѓоко си потпевнуваше на суво.

Коментари

Популарно