ВИДЕО: Поради Погба не доби 11.000 евра, па телевизорoт му беше крив

На обложувачко ливче не добие 11.000 евра само поради еден промашен пенал. Урнебесно видео објави ЕКИПА од една скопска обложувалница по натпреварот меѓу Вулверхемптон и Манчестер јунајтед од Премиерлигата кој заврши 1-1.

За многумина во Скопје добро познатиот бербер Фуфо од Драчево, чекаше само еден гол на Манчестер јунајтед на синоќешното гостување против Вулверхемптон во 2. коло од Премиерлигата за да си добие 11.000 евра. И се отвори шанса во 68. минута кога „црвените ѓаволи“ добија пенал… Но, истиот не успеа да го реализира францускиот репрезентативец Пол Погба. Е, сето тоа значеше огромна лутина кај бербер Фуфо кој успеа да го скрши и телевизорот во обложувалницата каде со пријателите го очекуваше толку посакуваниот погодок на Манчестер јунајтед. Во секој случај, ќе го памети Фуфо пеналот на Погба…

Коментари

Популарно