Героски удри по Заев: Ех Зоки, Зоки, како се вика ова народски кажано?

Бранко Героски со нов пост на Фејсбук го потсети премиерот Зоран Заев на неговите изјави за Катица Јанева од пред само неколку месеци и му постави прашање.

– Сите знаат дека без закон не бива преговори. И таа обврска мора да си ја сносат сите. Донесовме закон за амнестија во време кога имавме поддршка од две третини, но направивме јасна дистинкиција дека тамуи не беа амнестирани „мозоците“ на 27 април. Преговорите за СЈО се во тек. Постигнавме навидум невоможни работи, верувам дека можеме и ова. Реформите кои Владата треба да ги направи главно се законски. Е сега треба да направиме реформи и во нашите глави. Катица Јанева и нејзиниот тим беа искра надеж во најтешкото време и тие ја вратија довербата во правосудството. Принципиелно создадениот капицитет немаме право да се откажеме од него – рече тогаш Заев.

Новинарот сега прашува:

- Премиерот, пред да го пријави случајот "Рекет" кај Вилма Русковска. Ех Зоки, Зоки... Како се вика ова, народски кажано?

Коментари

Популарно