Корупцијата во нашата земја „тема за магистерска“ работа

Студент на Универзитетот во Малме во Шведска за тема на својата магистерска работа одлучил да ја „обработува“ корупцијата во нашата земја.

Неговото име е Алехандро Естесо Перез и тоје естудент на мастер студии на Универзитетот во Малме.

Тој преку Твитер побара помош и одговори на неговата анкета која би му помогнала да го изработи својот труд.

За одговор на прашањата кои се на македонски јазик ќе ви бидат потребни од 10-15 минути, а темата е повеќе од актуелна што се однесува до овие наши простори.

Коментари

Популарно