Цеца во тајна врска со бизнисмен и се сели во Америка

Животот на Цеца Ражнатовиќ постојано е под лупата на јавноста. Секој нејзин чекор со внимание се следи. Што прави, со кого се дружи, каде излегува и со кого оди на одмор. Сето тоа брзо се дознава, но со кого Цеца се забавува и кој и е момче никој не може да открие.

Дали пејачката сега е во врска или не е, дали повторно ќе се омажи и кој ќе и го украде срцето, за ВИП магазинот, открива астрологот Душан Величковиќ.

Цеца после многу години ќе се заљуби. Таа зад себе има напорни десет години, а од мај годинава се и тргна на подобро. Децата ги изведе на прав пат и сега е време да се сврти кон себе. Се што прави, прави со многу успех. Бидејќи прогресивниот Месец влегол во планетата на Лав, Цеца конечно ќе може да се опушти и да се препушти на љубовта. Овој септември би можела целосно да одлепи по некого. Освен љубов, ја чека многу поволна година што се однесува до работата. Таа и досега имаше голема популарност, но годинава и се смее уште поголема наклонетост на публиката – вели Величковиќ и додава дека Цеца можеби ќе се пресели во Америка.

Веќе подолго време на Цеца и стои дека ќе биде поврзана со Америка. Таа таму би била најсреќна и би можела да го најде човекот на својот живот. Меѓутоа бидејќи е многу врзана за нашата престолнина, ако и се случи љубов на американскиот континенет, таа ќе живее на релација Америка-Белград. Доколку пак не биде во Америка, таа во Србија ќе најде човек кој целосно ќе ја маѓепса. Поради Венера во Рак, Цеца е семеен тип на човек и едвај чека повторно да биде заљубена и да се грижи за некој маж. Нејзиното срце може да го освои само шармантен и многу интелигентен маж. Таков човек може да биде само од светот на бизнисот, кој има самодоверба и држење за да се носи со жена како што е Светлана – вели Величковиќ.

Коментари

Популарно