Ова е „најлошата“ серија

Серијалот "Insatiable"  е најлошата серија на „Нетфликс“ според оценките на страницата „'Rotten Tomatoes“. Серијата има само една звезда, или само 13% во мерачот „"critic score"“.

Тој процент и ја осигура титулата најлоша серија на онаа најпопуларна услуга за стриминг во светот. 

За што станува збор?

Заплетот на серијата го следи ликот на тинејџерка, Пети, која веќе долго време се „бори“ со исмејување и злоупотреба на училиште за нејзиниот изглед. Но, за време на летниот одмор, Пети драстично ќе ослабне и целосно го менува изгледот и одлучува да се одмазди на секој што ја понижувал во минатото. 

Оваа серија со црн хумор е заснована на текст од "New York Timesa" под наслов  "The Pageant King of Alabama" од Џеф Чу. Серијалот има две сезони досега, но веднаш штом беше објавен во август минатата година, предизвика многу негативни критики кај гледачите.

Поточно, многумина веруваат дека серијата им испраќа погрешна порака на младите луѓе и дека всушност им кажува на девојчињата дека можат да станат „популарни“ и да се дружат само ако имаат  „ идеална линија“ и ако ги исполнуваат социјално наметнатите стандарди за убавина.

Минатиот август беше покрената дури и петиција за забрана на серијата, при што главната актерка Деби Рајан потоа ги замоли гледачите да „чекаат и да ја видат серијата пред да ја осудат“.

Коментари

Популарно