Видео: Тојота го издржа и „ова“

Едниот автомобил буквално се запали додека возеше во Русија, откако беше погоден од два молњи на мошне кратко растојание, а ова неверојатно видео беше снимено од блиското возило.

Блесокот од ударот беше толку моќен што привремено го  заслепија другиот возач, пишува РТ. 

Галина Ершова се возела на автопатот Бердској во градот Новосибирск кога нејзината камера снимила неверојатни сцени. На само неколку метри од нејзиниот автомобил, два молњи „погодиле“  автомобил SUV на Toyota. 

За среќа, сите патници во Тојотата преживеаја, а некои делови од возилото беа запалени. 

Возачот Ана Наказник изјави дека е изненадена што никој не и помогнал после овој бизарен настан. 

„Имаше многу очевидци, но никој не застана. Сите само продолжија да возат“, рече Наказник, пренесува РТ. 

Инаку, повеќето современи моторни возила имаат вградена заштита од гром, така што ризикот за возачот и патниците би бил минимален, дури и во случај на директен удар на гром.

Коментари

Популарно