Видео: Сепак и тој има „срце“

Американскиот  ММА борец , Justin Gaethje го совлада  на манифестација /УФЦ со технички нокаут во првото коло на сонародникот Donalda Cerronea, но и ја воодушеви спортската јавност со однесување на крајот од борбата.

Поточно, Gaethje најпрво го тресе Доналд сурово, а потоа го „испрати“ на колена со серија удари. 

Иако многумина други тогаш ќе го „завршеа’ противникот безмилосни, Gaethje  побара од судијата да ја прекине борбата затоа што тој веќе не сакаше да го удира нокаутираниот Cerronea..

Сепак, Justin мораше да упати уште неколку удари за да го натера судијата да ја запре борбата, а меѓу тие удари луто го гледаше судијата и бараше крај. 

Продолжи да дофрла кон судијата после прекинот, бидејќи сметаше дека предоцна ја прекинал борбата. 

"Викнав на судијата затоа што борбата завршува ако некој  падне на лицето. Тој падна двапати, а јас морав да го удирам. Не беше грешка на судијата. Тој ја вршеше својата работа, но таму беше мојот пријател и едноставно Не сакав да продолжам “, рече победникот на натпреварот, кој би можел да се бори во следната борба со поранешниот шампион  Conor McGregor.

Коментари

Популарно