ВИДЕО: Поп дивата објави стара снимка од која ѕвездичката остана без глас

Младата ѕвезда на „Гранд“, Џејла Рамовиќ, која победи во последната сезона на регионалното музичко шоу, на големо работи на својата кариера.

Победата и донесе популарност и надвор од границите на Србија, па речиси да нема таков што не слушнал за талентираната убавица.

И нашата поп дива Калиопи е еден од фановите на Џејла која преку својот Инстаграм профил и одвои простор со стара снимка од 2013 година на која Џејла е малечко девојченце кое допрва го покажува својот талент пред своите сограѓани во Горажде.

Изборот на Клиопи од тој настап на Џејла не беше случаен, бидејќи таа таму ја пее хитовската „Црно и бело“.

Сепак, Џејла како да остана „нема“ на ваквата објава на Келиопи, па не се пофали за ваквото ласкање од големата ѕвезда.

Случајно го пропушти ласкањето на Опи или пак сега е „голема“ и не и годеше ова, знае најдобро самата.

Како и да е, погледнете ја малечката ѕвездичка како ја пее „Црно и бело“:

Коментари

Популарно