(ФОТО) Карлеуша: „Немој да се трудиш залудно е“

Натпреварувачката Анамарија не добила ниту еден глас од жирито, а Марија Шерифовиќ дури го притиснала и „паник“ тастерот.

Јелена Карлеуша одлучила да ѝ даде објаснување на натпреварувачката зошто не е за оваа работа.

„Овде работата е непотребна. Тоа не е страшно, некој треба на ова девојче да му каже дека не е за оваа работа. Немој да се трудиш, мислам дека е залудно, Посвети се на нешто во што ќе бидеш многу добра. Не погоди ниту еден тон“, рекла Јелена.

„Не би рекла дека не е за оваа работа. Делуваше незаинтересирано, но слушај го своето срце“, додала Снежана Ѓуришиќ.

„Претешко е за тебе како аматер, тоа се сериозни песни“, признала Бекута.

Коментари

Популарно