Штип од денеска живее во ритамот на „Макфест“

 Со денешната прес-конференција во Центарот за култура „Ацо Шопов“, стартуваше 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. На програмата денеска и утре се двете полуфинални вечери, а во сабота е финалето.

Техничкиот директор на „Макфест“, Кирил Панајотов на прес-конференцијата  рече дека на фестивалот се враќаат добро познатите текстописци и композитори, а вечерва публиката ќе може да слушне 15 песни.

Прв на сцената настапува Мартинијан Кириловски, а последни групата Кентаур.

– Гласањето е 50:50, односно секоја влезница во салата е глас, а останите 50 се на стручното жири. Фестивалот и оваа година го пренесува МТВ, водителка и оваа година е Маријана, вели Панајотов.

На полуфиналните вечери ќе настапат 30 изведувачи со 30 различни композиции, од кои 20 ќе настапат на финалната вечер. На финалната вечер пред прогласување на победниците своја шоу програма ќе има Тамара Тодевска.

На првата фестивалска вечер предвидено е да присуствува и Министерот за култура, Хусни Исмаили, а заедничка изјава со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски предвидено е да дадат во 19.30 часот пред Центарот за култура „Ацо Шопов“. Организатор на фестивалот е Општина Штип, со финансиска поддршка на Министерството за култура. Спонзори на фестивалот се Жан Митрев Kлиник, Тојота, Тиквеш, Телекабел и ЕАМ.

Коментари

Популарно