На туристите им се заканува затвор затоа што украле песок од плажа во Сардинија

Белиот песок од Сардинија се смета за ценето јавно богатство и забрането е негово изнесување од островот, а двајца Французи за малку ќе завршеле во затвор, откако биле фатени со 40 килограми во автомобилот. И покрај тврдењето дека сакале да го однесат песокот дома како сувенир и не знаеле дека го кршат законот, властите ги обвиниле за тешка кражба.

Полицијата го открила песокот спакуван во 14 пластични шишиња и кој бил земен од плажата Чиа, во јужна Сардинија. Французите биле приведени пред да се качат на траект во Порто Торес, кој плови до Тулон, Франција.

Властите на пристаништата и на аеродромите во Сардинија вршат систематски проверки на торби за да ги фатат патниците што шверцуваат песок.

Агентите на аеродромите во Олбија конфискуваат околу 2 тони украден песок годишно, според локалниот информативен сајт Галура Оги, а уште 500 килограми биле одземени минатото лето од фериботските патници на пристаништето Олбија, каде проверките се помалку строги.

Некои градови околу Сардинија, во кои се наоѓаат едни од најпопуларните плажи на Италија, предложија да се забранат носење крпи и големи торби на плажите за да се спречат туристите да земаат песок од крајбрежје, без разлика дали е намерно или ненамерно.

Дел совесни туристи неодамна вратиле ''украден'' песок и школки од островот, кои што потоа  биле однесени на соодветните плажи.

Коментари

Популарно