Попоски: Дали снегот ќе ни пристигне порано

Оваа сезона првиот снег можно е да пристигне порано на пониските места судејќи барем според моменталните анализи и развој на временската состојба.

Ноември месец за разлика од минатите години прогностичките модели за оваа година укажуваат на тоа дека ќе биде малку постуден од вообичаеното со просечно количество на врнежи иако истите има некои услови да останат и малку под просекот за тој месец.

Сепак не се исклучува можноста и за поизразени циклонски системи и повремено поинтензивни врнежи.

Инаку за во наредните денови како што веќе најавивме продолжува сушниот период кај нас со многу високи температури на воздухот за овој дел од годината.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ ТУКА.

Коментари

Популарно