Видео: Како пингвините се додворуваат

Животинскиот свет не се разликува од човечкиот свет и оваа приказна го покажува тоа. Откако ќе ја пронајдат жената со која тие сакаат да го поминат својот  живот, мажјаците од одредени видови на пингвини талкаат по плажа во потрага по совршено парче камен што во нивниот свет е нешто како венчален прстен кај луѓето.

Кога еден пингвин ќе најде камен, тој го носи кај својата избрана девојка и потоа го спушта покрај нејзините нозе. Ако женката подигне парче песок, мажјакот тоа го сфаќа  како согласност, а ако не тој  е одбиен.

За нив песокот е многу важен

Овој неверојатно посебен ритуал го праават  Аделијските пингвини на , а го добиле името по еден француски истражувач, кој ги именувал во 1830 година, според неговата сопруга Адел. 

И, иако можеби е чудно некои пингвини да даваат камен како подарок  на плажа преполна со камења и песок, самиот чин е многу важен гест за пингвините. 

Пингвините на Аделија користат камчиња за да направат гнезда или да ги постават околу дупката во земјата. И некои жени дури крадат камчиња и песок од други гнезда.

Во 72 проценти од случаите, пингвините се верни животни, се развдуваат само во случај на смрт. 

Коментари

Популарно