Анѓушев: Со Владата се договорив за само еден мандат

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓуев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ синоќа рече дека со Владата однапред се договорил да работи само еден мандат а потоа да продолжи како стопанственик.

Тој наведе дека крајот на својот мандат го гледа како вицепремиер на Влада што креира политики, а не на предизборна Влада, со што индиректно алудираше на тоа дека неговиот мандат треба да заврши на 3 јануари по што ќе продолжи со бизнисот.и професорската работа.

- Најпрво да кажам дека некои од компаниите каде што имам удели имаат пад од 50 отсто во профитот. Како прво тие не учествуваат на тендери и не добиваат државна помош, потоа други деловни партнери не сакаат да соработуваат затоа што се плашат бидејќи јас сум владин функционер и на крај, јас отсуствувам и не сум таму за да ги креирам економските политики, рече Анѓушев во своето телевизиско гостување.

Тој му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната шанса да биде вицепремиер за економски прашања на предлог од стопанските комори.

Коментари

Популарно