Дали новинар е виновник за „здравствените“ проблеми на Вучиќ

Како што наведуваат медиумите во соседна Србија наводно поради расправија со новинарот Миодраг Совиљ од српската телевизија Н1, на претседателот Вучиќ во петокот попладнето му се качил притисокот, добил тахикардија, по што бил примен на Воено-медицинската академија во Белград.

Новинарот, кој  успеал да го растревожи Вучиќ, всушност го потсетил на аферата за трговија со оружје во која, според документот од БИРН, објавен пред една година, пишува дека таткото на министерот за внатрешни Бранко Стефановиќ, бил дел од делегацијата на фирмата која ја посетила фабриката Крушик. Неговото прашање дали има судир на интереси го изнервирало Вучиќ толку многу што се довел во прединфарктна состојба.

За здравјето на Вучиќ се огласи и министерот за здравство, кој изјави дека претседателот има проблеми со срцето, но ситуацијата сериозно се влошила во петокот, пред да побара помош, а докторите буквално му го спасувале животот. Ситуацијата на Вучиќ сега е стабилна, иако тој и денеска е во болница. Самиот најави дека од утре се враќа со полна работна сила.

Коментари

Популарно