Од утре започнува вакцинација против сезонски грип

Од утре започнува вакцинација против сезонски грип со комерцијални вакцини кои се наплаќаат по цена од 650 денари. 

Дополнително бесплатни вакцини се обезбедени за 5 категории на граѓани и тоа :

1.      За сите граѓани над 65 години, независно висината на нивната пензија

2.      за сите лица со хронични болести, независно нивната возраст

3.      за бремени жени

4.      за деца до 6 години

5.      и за здравствени работници.

Потребно е сите овие лица доколку сакаат да бидат вакцинирани со бесплатна вакцина  против грип да добијат упат од својот матичен лекар.

Коментари

Популарно