Никој не можеше да го тргне погледот од нејзиното дekoлтe

Славната актерка Ева Лонгорија неколку пати е прогласена за најубава жена на светот. Таа ја потврди оваа титула уште еднаш кога се појави во многу предизвикувачко издание на добротворната манифестација, организирана од  The Global Gift Foundation  во Мексико Сити.

Сите очи беа свртени токму кон прекрасната Лонгорија и нејзиното деколтес, кој го истакна во преден план. Актерката, која се прослави во улогата како Габриела во Домаќинки, беше меѓу најистакнатите гости на добротворната манифестација .

Храбар стајлинг,  фустан со длабоко деколте е со  потпис на дизајнерката Моник Лухилиер (Monique Lhuillier).

Одлична шминка и добра фризура го заокружија овој беспрекорен стајлинг на 44-годишната актерка и продуцентка која за прв пат стана мајка  минатата година. 

Убавицата родена во Тексас повторно беше кралица на вечерта. Инаку, таа откри дека по раѓањето, таа се вратила во форма благодарение на добро осмислената комбинација на диети и редовното вежбање.

"Пилатес, јога и многу трчање, тоа ме забавува и опушта, но за жал, не ги зацврстува мускулите колку што може да изгледаат многумина. Мојот нутриционист ме  прати во теретана и ми  даде насоки да правам   одредени вежби", откри актерката.

Коментари

Популарно