Елена Манојловски од ТВ Телма: Презентерката на временска прогноза со „чувство за осет“

Елена Манојловски е презентерка на временска прогноза на ТВ Телма. Таа е една од оние кои барем за миг ве лепат за ТВ екраните за да дознаете какво ќе биде времето, ама и за да го поминете времето, или барем тие неколку минути во убаво друштво на дамата со „чувство за осет“ за временските прилики. Можеби ваквата констатација звучи необично, но ако ги погледнете работите од поблиску, ќе забележите дека убавата Елена во себе крие и еден поинаков шарм за работата која ја работи.

Како и да се облече Елена, секогаш изгледа убаво и го носи со стил. И во професијата и во приватноста. Можеби убавината е дар од Бога и мајката природа, но нејзината нега и грижата за себе се обврска на секого од нас.

Елена знае како да го одржува и физичкиот изглед и менталната хигиена. Впрочем, здравиот дух е производ на здравото тело, нели, ама Елена нашла начин како работите да ги постави обратно: Совладај го својот ум и начинот на размислување, и ќе го совладаш и телото станувајќи негов господар! Затоа љубовната сплотеност со природата и е секојдневна навика, или поточно, начин на живот. Или речиси секојдневна, зашто има денови кога токму временските (не)прилики не и го дозволуваат тоа. Како тмурните, врнежливи денови, на пример!

Додека некои се само покиснати од него, Елена е е од оние кои „го чувствуваат“ дождот! Убавата презентерката  ви покажува што се’ ви е  потребно кога денот е дождлив: шолја топло кафе, добра книга и опуштање.

вистина.мк

Коментари

Популарно