ВИДЕО: Дуња испроба трик кој го користат девојките на Инстаграм за селфи фотографии

Поприлично бизарен тренд се шири на Јутјуб, а една симпатична босанска јутјуберка решила да го проба на својата кожа. Фејслифтинг без нож и ботокс? Звучи премногу добро да би било вистинско. Но, не е така.

Иако не се пополнуваат брчките со хијалурон и боцкање со ботокс, мудрите Инстаграм кориснички дошле до генијална идеја како да добијат ефект на „мачкасти очи“ без шприц и нож. И тврдат дека тоа навистина делува.

Дуња Татомировиќ која стои зад каналот „Слатко од Дуња“ одлучила да сними видео во кое го испробува овој бизарен трик на себе.

За овој зафат ќе ви треба само една црвста гумичка за коса и малку нерви. Се што треба да направите е да ја соберете прамен од косата негде во висина на слепоочниците, од една и друга страна и позади цврсто да врзете репче.

Така инстант ќе ги подигнете веѓите и очите, ќе ги затегнете брчките на челото и околу очите и ќе добиете младешки изглед.

Дуња тврди дека многу убавици на Инстаграм се служат со овој трик при правење селфи фотографии, особено затоа што опавчето позади не е гледа. Во реалниот живот е сепак малку потешко да се шета со вака врзана коса.

Коментари

Популарно