Вчеравечер снег врнеше речиси на сите повисоки места во земјава.
Откако попладнето забеле македонскиот град Крушево, а снегот направи и проблеми на планинските премини Ѓавато и Плетвар, вчера непрестанато врнеше снег и во најпознатите ски- центри во земјава.
Маврово синојка речиси е побеле, додека снег без престан врнеше и на Попова Шапка.
Снежна идила веќе има во ски центарот Нижеполе во Стрежево, Битолско.