ВИДЕО: Организирал „грабеж“ па клекнал пред исплашената девојка

Смислувајќи план како да ја запроси својата девојка, едно момче се сетило на една бизарна и несмасна шега, поради што запросувањето на девојата стана вирална. Неговата девојка Шанел со која има три деца  ќе го памети ова додека е жива.

Имено Рејмонад одлучил за потребите на овој чин да се случи додека се одвива грабеж, за што тој ги ангажирал сите актери.

Додека стојат во продавница, влегол ограбувачот со лажен пиштол, прво земал кеса со пари, а потоа се усмерил кон Шанел и нејзиното момче.

Откако дошол до нив тој ја прашал Шанел дали има деца. Таа исплашена ги кажала имињата и годините на своите три деца, а тогаш во приказната влегува и Рејмонд.

„Како сти ти неженет човек? Каде и е прстенот? Не го гледам“ рекол Крадецот на Рејмонд, по што од вреќата со парите извлекол кутија со прстен и му го дал на Рејмонд.

„Што чекаш“ рекол. Откако Рејмонд објаснил дека се било шега, Шанел исплашена и малку лута рекла „ДА“. По претрпениот страв, Рејмонд ја одвел својата вереница во Њујорк.

Коментари

Популарно