Пендаровски задоволен, над 90 отсто од предложените амбасадори се дипломати од кариера

Претседателот Стево Пендаровски вели дека повеќе од 90 проценти од предложените амбасадори се дипломати од кариера.

Тој генерално е задоволен од тоа што изборот е направен според принципот на професионалност.

Пендаровски потсетува дека сите процедури за испраќање на новите амбасадори мора да завршат брзо, затоа што се ближат изборите.

Вицепремиерот Бујар Османи на Фејсбук статус се пофали дека ќе има 10 амбасадори Албанци.

„Милаим Фетаи  амбасадор во Загреб, Рами Реџепи во Рим, Теута Демјаха во ОН во Женева, Шабан Јашари во Доха, Катар, Агрон Буџаку во Отава. Во Приштина ќе биде Шпреса Јусуфи, амбасадор во Данска ќе биде Фатон Бејта, Рамадан Назифи во Берлин, а Абдул Кадер Мемеди во Абу Даби. Во Осло амбасадор ќе биде Сергим Мухамеди“, напиша Османи.

Пендаровски предупредува и дека законот забранува по распуштањето на Собранието да се праќаат амбасадори.

Коментари

Популарно