ФОТО: На Инстаграм споделува предизвикувачки фотографии од бујните облини

Џејлин Очоа е сензација на Инстаграм, а оваа млада дама ја следат речиси 11 милиони корисници. Влијанието на социјалните мрежи, а сега и надвор од нив, и своевидната деловна империја ги изградила благодарение на бујните облини!

Оваа фитнес инструкторка речиси секојдневно ги радува своите милиони следачи со разголени фотографии, или фотографии на кои носи тесна облека која ѝ ги истакнува нејзините раскошни колкови и ѝ го зголемува задникот.

Атрактивната бринета од Аризона не се плаши да го користи своето тело за популарност и заработка, а често примала и критики дека сè на неа е само продукт на фотошоп!

Но, неодамна оваа 22-годишна убавица е фатена на аеродром во Лос Анџелес, а се покажало дека нејзините облини се вистински и дека всушност не изгледа никако поинаку од она што го покажува на Инстаграм.

Папараците ја “начекале“ во обична комбинација – фармерки, светла блуза и длабоки кафени чизми, а и покрај тоа што не била пресреќна што ги гледа, Џејлин вешто им позирала.

Било како, ѝ направиле услуга – оваа инфлуенсерка сега има адут во раце и начин да им ги затвори устите на сите оние кои тврделе дека нејзиниот задник не е вистински.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

😁🥰 click link in my bio for my 2020 calendar. Presiona el link en mi página para comprar mi calendario.

A post shared by Jailyne Ojeda Ochoa (@jailyneojeda) on

Коментари

Популарно