Фото; Нема да верувате дека министерката скенира фискални

Актуелната министерката за финансии Нина Ангеловска на својот инстаграм профил објави фотографија како скенира фискални сметки. Покрај фотографијата која е направена во угостителски објект прокоментира за владината мерка.

„Над 200.000 граѓани учествуваат во борбата против сивата економија која е штетна за растот и напредокот на нашата земја. Додека учествуваат имаат можност да бидат наградени за тоа и остваруваат право на поврат на ДДВ.

Ако сѐ уште не сте се приклучиле симнете ја мобилната апликација и придружете се во борбата против неплаќачите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@mojddv_mojanagrada Над 200.000 граѓани учествуваат во борбата против сивата економија која е штетна за растот и напредокот на нашата земја. Додека учествуваат имаат можност да бидат наградени за тоа и остваруваат право на поврат на ДДВ. Ако се уште не сте се приклучиле симнете ја мобилната апликација и придружете се во борбата против неплаќачите. Наградниот фонд на #МојаНаграда е 500.000€ а секој ден се доделуваат х10 наради, секој месец х15 наради од 100.000 денари и 2 главни награди од х3.000.000 денари ќе се доделат во текот на играта.

A post shared by Nina Angelovska (@ninaangelovska) on

Наградниот фонд на #МојаНаграда е 500.000€ а секој ден се доделуваат х10 наради, секој месец х15 наради од 100.000 денари и 2 главни награди од х3.000.000 денари ќе се доделат во текот на играта“, напиша министерката.

На крајот од февруари граѓаните кои скенираат сметки ќе го добијат повратот на ДДВ за последните три месеци од 2019 година.

Коментари

Популарно