Новак Ѓоковиќ: Коби ми помогна кога ми беше најтешко – вечно ќе му бидам благодарен!

Вечерва светот е потресен од трагичната смрт на легендарниот Коби Брајант.

Помеѓу спортистите кои се простија од Коби беше и Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ откри нешто што до сега јавностан е го знаеше. Коби бил еден вид ментор во најтешките период во неговата кариера пред неколку години.

„Коби беше еден од луѓето кои беа мои ментори. Секогаш беше покрај мене кога минував низ најтешките периоди во мојот живот, ми даваше совети со кои ме охрабруваше да не се предавам и да продолжам да се борам. Вечно ќе му бидам благодарен“, порача Ѓоковиќ.

Коментари

Популарно