Заев открива: Живеам како cтудент, јадам паштета и салама, не знам ни лепче да испржам

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека е азилант во Скопје и живее сам во премиерската вила.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5, Заев на Жаре му открил многу лични приказни, велат од продукцијата.

Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам – изјавил Заев.

На прашањето на Жаре, како се храни, тој рекол: Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли!

Заев зборувал и за семејството, за детството во Муртино и за својата прва

работа од која ги заработил првите пари.

Коментари

Популарно