Миа Костова: „Фала му на Господ сите останавме здрави и живи“

Македонската водителка Миа Костова бесна поради кревањето паника околу смртоносниот вирус, кој многу брзо почна да се шири и низ Европа, одлучи да го каже и своето мислење.

„Ако нешто ме вади од кожа кога е во прашање Скопје Македонија тоа е дефинитивно кревањето на паника, некогаш основано поради превентива, некогаш апсолутно неосновано. Ќе се потсетам само на морбилите кои што беа сериозна закана за човештовото и граѓаните во Македонија пред само неколку месеци. Фала богу сите останавме здрави и живи. Деновиве и те како бучи корона вирус. Јас ќе ве замолам да направите „swipe up“ и да не го пропуштите линкот, да се едуцирате, да не кревате паника и да миете раце“, изјави таа објавувајќи линк со повеќе детали од корона вирусот.

Коментари

Популарно