Откриено е кој е најголем непријател на „либидото“

Стресот може да ви го уништи сексуалниот живот,  ќе ви го направи „тежок “ без желба да  уживате во каква било интимност, но има начини да го зголемите либидото и да го активирате вашиот сексуален нагон без медицинска интервенција, вели Kil Bjukenan, експерт од Торонто.

"Најголемиот убиец на либидото е стресот!"

„Ако вашето тело е  под стрес, последното нешто што ве интересира е сексот“, изјави Bjukenen за Globalnews.

Стресот го зголемува секрецијата на кортизол хормони во организмот, што ги потиснува потребните хормони за интимни односи и доведува до пад на сексуалната желба, односно либидото, објасни тој.

Студијата, објавена минатата година од BodyLogicMD, покажа дека 51% од анкетираните се соочиле со феноменот на „мртви спални соби“ како резултат на стресот поврзан со работата.

„Мртвите спални соби“  укажуваат на  врски без секс што можат да траат од неколку месеци до неколку години.

„Недостаток на комуникација меѓу партнерите може да предизвика стрес во кревет, а многумина стануваат повознемирени ако нивната самодоверба не е голема“,

"Во повеќето случаи, причината за стресот не е само лошата интимна врска или недостаток на нив, туку нешто многу поголемо. Може да биде недостаток на поврзаност со вашиот партнер, вознемиреност, депресија или нешто друго", објаснува таа.

Зголемете ја сексуалната желба и надминете го стресот

„Стресот ќе  го „победите’  полесно ако сте подобро поврзани со партнерот“, вели Сузан Велентин, исто така психотерапевт од Торонто. Договорете„средби“ во спалната со партнерот-ката најмалку еднаш неделно и не го кршете тоа правило. Исто така, поработете на тоа  да бидете повеќе физички поврзани во текот на денот, како што е гушкање и слично често, советува таа.

Покрај тоа што треба да поработите на подлабока емотивна врска со вашиот партнер, понекогаш се препорачува да користите природни афродизијаци и стимуланси на либидото  кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

Некои видови храна што имаат позитивен ефект врз зголемувањето на либидото се чоколадото, ф'стаците и шафранот.

Коментари

Популарно