Српски доктор открива кога е најдобро да користите ракавици

Имунологот Срџа Јанковиќ вели дека медицинските ракавици треба да се носат само во одредени ситуации.

- Ако ги носите постојано, со ракавиците само ќе разнесувате она што би го пренеле и со рацете, па затоа миење на рацете е поважно од носење ракаваци- вели тој.

Др. Јанковиќ истакнува дека подобро е често да ги миеме рацете, а носењето на ракавици да го оставиме за ситуации каде постои ризик од чест допир со неој друг.

- Подобро е да миете раце, но во ситуации каде конкретно нешто правите, кога постои ризик од допир, како на пример здравствените работници или оние луѓе кои работат на места со голема фрекфенција на луѓе, има смисла да се носат ракавици, но сепак бидете дисциплинирани и не допирајте ништо друго со истите ракавици, посебно не лицето, а кога ќе ги извадите задолжително измијте ги рацете- порачува докторот.

Коментари

Популарно