Канадско-американската глумица и фото-модел Памела Андерсон отсекогаш беше секс симбол и жена која што ги освојуваше погледите на јавноста . Се сеќавате дека нејзина најпозаната улога беше во американската серија „Чувари на плажа“
. Очигледно, до денес ништо не се сменило, освен што таа има 52 години, но и понатаму ужива во својата титула на заводничка.
Имено, Памела на социјалната мрежа Инстаграм поставила фотографија од снимањето и сите ги воодушевила, а на фотографијата лежи во кревет во ноќница и е во многу заводничко издание.
„Секогаш заљубена. Секогаш со скршено срце (во исто време). Среќно-тажна меланхолија“ – напишала Памела покрај фотографијата која што за многу кратко време добила голем број лајкови.