Фото:Автомобил од 250 илјади фунти заврши „под“ автобус

Британскиот рапер Swarmz беше „вмешан “ во инцидент кога Ферари се судри со  автобус во центарот на Лондон во неделата.

На фотографиите од инцидентот е прикажан спортскиот автомобил, Ферари 488 Писта вреден околу 250.000 фунти, во оштетена состојба, откако се судрил со број 91 автобус во зона каде е дозволено возење со брзина од 20 милји на час во близина на плоштадот Trafalgar. 

Познатиот рапер Swarmz објави приказна на Инстаграм покажувајќи дека се наоѓа е на местото на несреќата, но не е јасно дали автомобилот му припаѓал нему, ниту пак дали тој бил возач на возилото.

Раперот, кој има над еден милион следбеници на Инстаграм, го „поседуваше„ возилото во саботата навечер. 

 YouTuber по име Фреди Аткинс, кој беше на местото на настанот објавил на Инстаграм : ' ова попладне беше уништено во Лондон од раперот @swarmz. 

„Возачот и патникот за среќа се неповредени, но автомобилот претрпе доста штета по судирот со автобусот“. 

Г-дин Аткинс, исто така, во видеото на Јутјуб изјави за инцидентот дека раперот неодамна го изнајмил Ферарито.  

Иако раперот бил на местото на несреќата, овие тврдења за тоа дали тој управувал со автомобилот не се потврдени. 

Сè уште нема извештаи за повредени, но на некои снимки на местото на настанот се гледа дека едно лице е „третирано“  од медицински персонал.

Фотографиите од местото на настанот покажале дека предниот дел на Ферари е сериозно оштетен, при што хаубата на автомобилот е скоро целосно одвоена од остатокот од возилото. 

Коментари

Популарно